Каков впечаток оставате кога сте облечени во црно?

На тоа како луѓето ве перципираат може да влијаат повеќе фактори, меѓу кои и тоа како зборувате, како се однесува, но и каква боја имате на себе.
Истражувачите кои се посветиле на последниот фактор, односно бојата на облеката која ја имате на себе.
Поконкретно, каков впечаток оставаат луѓето кои на себе имаат многу црна боја, односно обожаваат да носат црна облека?


Истражувањето наречено перцепција на бојата било спроведено на над 1.000 лица. Изненадувачки, цели 56% од нив одговориле дека луѓето кои носат црна облека изгледаат посамоуверено.
38% од мажите се изјасниле дека жената во црно е едноставно неодолива, додека 66% од жените обожаваат кога мажите се во целосно црна комбинација.


Од друга страна, 45% од луѓето интелигенцијата ја поврзале со црната облека, односно дека изгледате поителигентно кога сте облечени во црн фустан или одело.
Па, како заклучок од истражувањето – луѓето кои носат црно се самоуверени, ителигентни и привлечни.


Црните аутфити се одлични за првите состаноци, интервјуата за работа, венчавките и прославите, односно сите пригоди кога сакате да оставите добар впечаток.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.