Како да ги носите тексас парчињата во сезоната што доаѓа?

Кога станува збор за трендовите, време е за обнова. Ако сакате однапред да знаете кои ќе бидат трендовите за претстојната сезона овие совети ќе ви помогнат. Тексасот е материјал кој секогаш е актуелен, а еве како можете да го носите оваа есен.
Како да ги носите тексас парчињата во сезоната што доаѓа?
1. Комбинација на стилови


Како да ги носите тексас парчињата во сезоната што доаѓа?
Комбинирањето на стилови секогаш е возможно кога станува збор за тексасот. Оваа комбинација потсетува на работничка униформа и можете да ја споите со многу видови тексас во разни бои. Овде спаѓаат јакни, прерамки, здолништа и кратки панталони.
2. Украсени фармерки


Во последно време популарни се фармерките со должина до глуждовите. Трендот ќе продолжи и следната сезона, но со некои мали измени. Нешто ново се украсите на долниот дел од фармерките. Можете да ги украсите со нитни и разни метални украси. Ова е тренд што постои од пред неколку години. Разликата е што претходно украсите се наоѓаа на џебовите и горниот дел на фармерките, а сега се спуштени подолу.
3. Фармерки со рамен крој


Токму овој вид фармерки ги засени познатите скини џинс. Ова ќе важи и за наредната сезона. Широките фармерки со рамен крој им се опсесија на модните блогерки, а можете да ги комбинирате во многу разни стилови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.