Како да го направите совршениот ориз?

Оризот е клучна состојка во многу наши јадења. Тој е евтин, не е премногу нездрав и има долг рок на траење, па секогаш можете да чувате ориз за итни случаи.
Како да го направите совршениот ориз?
Но и покрај тоа што се користи навистина често, многу луѓе ќе признаат дека сè уште прават грешки додека го приготвуваат. Поради ова, врвниот готвач Монти Колудровиќ од Австралија, решил да сподели трик со кој ќе можете да го направите совршениот ориз.


Според него, кога добро ќе го измиете оризот, тој станува сосема поразличен. Но, морате да го измиете дури 30 пати. Миењето ги отстранува нечистотиите и скробот од зрната на оризот, поради кои тој станува леплив. Приготвувањето ориз без темелно миење ја зголемува можноста крајниот резултат да биде леплив и како гума.
Некои експерти сметат дека најдобро е да го оставите оризот да отстои во вода преку ноќ. На овој начин се намалува количеството на штетни состојки за дури 80%, а уште поважно, значително се намалува и нивото на арсен во оризот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.