Како да знаете колку благо е премногу благо?

Дури и ако сте на диета, понекогаш нема да можете да одолеете да посегнете по грицки или по колачи и да се наградите малку. Но, повеќето луѓе јадат премногу слатка храна. Дали некогаш сте прочитале на декларациите на ваквите производи што пишува за големината на препорачаната дневна порција? Ако не сте прочитале, можеби ќе бидете изненадени.
Како да знаете колку благо е премногу благо?
Според новото истражување на компанијата „PoundToy“, големината на препорачаните порции се разликува од она што луѓето се навикнати да го јадат, што значи дека повеќето луѓе се прејадуваат со грицки.
Еве што велат експертите за препорачаните дневни порции на некои од вашите омилени закуски:
1. Чоколадо
Во пакувањето од 200 грама млечно чоколадо пишува дека препорачаната порција е 47,5 грама, што значи дека можете да јадете околу една петтина од чоколадото или во предот: може да скршите околу пет коцки.


Ако сте љубител на мали чоколадни бонбони, како што се „Smarties“, треба да знаете дека препорачаната дневна количина изнесува 15 до 17 бонбони.
2. Чипс
Препорачаната доза за чипс во кутија, како што е брендот „Pringles“, е од 13 до 15 листови чипс.
Во големо пакување од 175 грама, има шест порции, што значи дека треба да имате по малку за секој ден во текот на целата недела. Ако купите помало пакување од 55 грама, препорачаната дневна порција чипс е околу 30 грама, така што имате барем 1,5 порции во тоа пакување.
3. Газирани и слатки пијалаци
Газираните пијалаци се полни со шеќер и со калории, па затоа навистина треба да бидете внимателни, а препорачаната дневна количина е 250 милилитри. Сепак, не се препорачува да пиете газирани пијалаци секој ден.
4. Бонбони
Многумина не можат да им одолеат на гумените бонбони, но бидете внимателни. Дури и мало пакување од 100 грама содржи околу 350 калории, а дозволената порција е само 78 калории.
Значи, препорачаната порција гумени бонбони е само 5 бонбони. Но, повеќето луѓе веројатно не знаат како да прекинат да ги јадат.
5. Житарки
Житарките, како што е овесната каша, се одличен избор за здрав појадок, но само ако се држите до препорачаната доза. Една порција содржи 30-40 грама, што значи дека едно стандардно пакување од 750 грама содржи околу 20 порции.
За појадок, доволно се околу 30 грама или околу 3 лажици житарки.
Се разбира, овие мерки не се препорачуваат ако ја консумирате оваа храна секој ден. Препорачаната доза зависи и од тоа колку калории сте внесле за време на главните оброци, па затоа во некои случаи е подобро да ги прескокнете слатките и грицките. Но, ако посегнете по нив, имајте на ум дека сите горенаведени мерки завршуваат како вишок килограми и мрснотии во телото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.