Како да не бидете анксиозни при средби со многу луѓе?

Дали ве мачат мисли од типот „Што мислат другите за вас, што не им се допаѓа кај вас?“ и поради тоа само сакате да се затворите во својот дом?
Социјалната фобија е многу повеќе од срам во комуникацијата со други луѓе. Како резултат на неа некои луѓе се многу загрижени, имаат панични напади, па дури и се повлекуваат од социјалните контакти.
Влијае многу негативно на животот, но може да направите неколку работи за да се справите со социјалната анксиозност во секојдневниот живот.


Трикови како да си помогнете:
Предизвикајте ги мислите што не ви помагаат
Луѓето со социјална анксиозност искусуваат нереални мисли како тоа дека сите зјапаат во нив и се грижат дека ќе направат будала од себе.
Обидете се да ги идентификувате тие мисли, потоа рационално размислете дека нема основа за нив.
Вие не можете да ги читате туѓите умови и да правите предвидувања, трошејќи енергија на работи кои можеби никогаш нема да се случат. Доста фрлавте негативно светло на сè и го замислувавте најлошото можно сценарио.
Обидете се да не се фокусирате на себе
Престанете да се чувствувате негативно за тоа како му изгледате на надворешниот свет. Доста се фокусиравте на себе притискајќи се дека мора да изгледате совршено.
Кога сте со други луѓе во соба, обидете се да се фокусирате на нив. Активно слушајте ги кога ви зборуваат и ќе ви биде покомфорно кога нема да си правите притисок дека мора вие да ги водите разговорите.
Останете фокусирани на мигот.

Соочете се со својот страв
Луѓето со социјална анксиозност често избегнуваат да излегуваат затоа што се чувствуваат побезбедно дома. Но, ако ги избегнувате овие ситуации не само што ќе се лишите од многу забавни работи, туку и ќе го продолжите циклусот на функционирање без самодоверба.
Поставете си задача да бидете дел од што повеќе социјални ситуации, да запознавате нови луѓе и сето тоа без консумирање на алкохол за опуштање.
Алкохолот ќе ви го замати расудувањето и следниот ден може да ве мачи страв за работите кои сте ги кажале претходната вечер.
Соочете се со својот страв и време е за забава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.