Чизмите до глужд владеат со модниот свет во последниве неколку години и изгледа дека нивното место на врвот уште долго време нема да биде нарушено. Но, иако тие изгледаат одлично на нашите нозе, понекогаш е навистина тешко да се комбинираат со пантолони, особено со фармерки, без притоа да ни се забележуваат чорапите одоздола или да ни се скратува должината на нозете. Па, доколку сакате да изгледате беспрекорно со вашите омилени чизми, тогаш следете ги следниве едноставни совети.
1. Тесни фармерки за подолги нозе
Сакате да имате долги нозе? Комбинирајте црни чизми до глуждови (најдобро е да бидат со високи потпетици) со тесни фармерки. Што се однесува до горниот дел, можете да облечете буквално сè што сакате бидејќи не е можно да згрешите со оваа комбинација.
2. Подвиткани фармерки од момчето
За поопуштените девојки, оваа комбинација е идеална. Само погрижете се да покажете малку кожа меѓу врвот на чизмите и крајот на фармерките и комбинирајте со модел инспириран од западот. Резултатот е релаксиран, но истовремено и впечатлив.
3. Фармерки во форма на ѕвонарки
Да, овој модел сè уште е во мода! Па, доколку сакате да ги скриете чорапите во кусите чизми, тогаш најдобро е да одберете ѕвонарки што ќе откриваат само мал дел од ѓоновите. На овој начин визуелно ќе ги издолжите вашите нозе, но и ќе изгледате многу повисоко.
4. Ризичен потег со храбар дизајн
Ако сакате да оставите впечаток и да се издвоите од толпата тогаш најдобриот начин да го направите тоа е да одберете храбар дизајн за вашите чизми и да ги комбинирате со фармерки што целосно ќе ги откриваат.