четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како да се ослободите од мирисот на цигари во домот?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако пушите цигари внатре, треба да знаете дека непријатната миризба од цигарите се таложи и на мебелот, ѕидовите, завесите. Има неколку трикови како да се ослободите од миризбата на цигари со помош на неколку намирници.
Сода бикарбона
Ставете сода во некој подлабок сад кој ќе го ставите во просторот во кој се пуши. Исто така може да попрскате сода на подот и да оставите да отстои 24 часа, а потоа да го исчистите подот. На овој начин може да се ослободите од непријатниот мирис на цигари.
Оцет
Винскиот оцет е најефикасното средство како да ја нетрализирате непријатната миризба од цигарите. Подгответе мешавина од топла вода и оцет, а потоа со крпа исчистете ги сите површини. Избришете ги полиците, масата, столчињата, прозорците, подовите. Ако сè уште се чувствува миризбата од цигарите, сипете оцет во шолја и оставете ја шолјата во дневната соба преку ноќ.
Цитрусно овошје
Најлесниот начин како да се ослободите од непријатната миризба е да исечете кришки портокал или лимон. Распоредете ги во помали чинии и оставете ги чиниите во целиот стан.

Поврзани вести