четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како да си помогнете да ви биде полесно на стомакот по прејадување?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На сите ни се има случено да ја изгубиме самоконтролата пред трпеза полна со вкусни деликатеси и потоа да се соочиме со физичките последици од прејадувањето. За време на празниците, кога масите се преполни со јадења во текот на целиот ден, многу лесно може да се случи да претерате со храната.

Во таков случај, следните совети и вежби ќе ви помогнат да се чувствувате подобро:

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

ШТО МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ ВЕДНАШ?

Џвакајте ѓумбир или напијте се чај од ѓумбир. Докажано е дека ѓумбир е ефективен природен лек при нагони за повраќање, гасови, подуеност и стандардна болка во стомакот. За најбрзи резултати, едноставно земете парче ѓумбир и џвакајте го. Доколку не можете да го поднесете силниот вкус на ѓумбирот, не мора да го консумирате сиров, туку направете си чај од ѓумбир.

Почестете се со чај од нане. Нашите баби и мајки имаа право, чајот од нане е спасител при болки во стомакот, подуеност и грчеви.

Или пак со чај од камилица. Ако не ви се допаѓа чајот од нане, можете да го замените со чај од камилица. Смирувачкото дејство на камилицата ќе ве релаксира и вас и вашиот стомак.

Одете на прошетка. Не легнувајте веднаш по обилен оброк. Победете ја потребата за мрзеливо излежување и одете на лежерна прошетка. Движењето ќе му помогне на телото полесно и побрзо да се справи со консумираната храна.

6 ЈОГА ПОЗИ ЗА ПОДОБРА ДИГЕСТИЈА

Многу е важно по обилен оброк да му одолеете на искушението да легнете. Наместо да се мачите неподвижно во хоризонтална положба, направете ги следните јога вежби кои ќе ви помогнат да се почувствувате подобро и да го забрзате варењето на храната.

 

 

Поврзани вести