четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како да спречиме храната да се лепи на тавата?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сите тави имаат фина подлога одвнатре, што спречува лепење на храната за време на пржењето.
Лошата вест, на која сите сме упатени, е дека оваа фина облога се оштетува после одреден период. Без разлика колку масло ставаме за време на пржењето, храната дефинитивно ќе се залепи за дното.
Постои еден многу едноставен трик кој ќе ви помогне да го решите овој проблем.
Првото нешто кое треба да го направите е добро да ја измиете тавата со детергент за миење садови. Кога ќе ја исплакнете, добро избришете ја со кујнска крпа за да не остане ниту капка вода. Потоа загрејте ја тавата на силен оган и рамномерно распоредете сол одвнатре за да го покрие дното. Почекајте да се загрее и да ја смени бојата, а потоа исплакнете.
Користете мек сунѓер (никако лажица) за да ја отстраните преостаната сол. Последниот чекор е да ја избришете со влажна кујнска крпа. На овој начин, ќе создадете специјален заштитен слој на дното на садот, благодарение на што храната нема да се залепи или изгори.

Поврзани вести