Црната ролка дефинитивно спаѓа во класиците кога се во прашање зимските парчиња облека.
Обожавателките на овој модел добро знаат колку е тој сестран и лесен за комбинирање во сите прилики, од опуштени излегувања до деловни или свечени настани.
Ролката може да се носи со сите модели на здолништа и панталони, па така во текот на денот одлично одговара со фармерки или класични панталони, а за вечерните излегувања се носи со погламурозен долен дел.
Еве неколку примери како да ја носите црната ролка во три потполно различни примери:
Опуштена прошетка или работа која не бара строг дрес код
Строга деловна елеганција
За излегувања и свечени прилики