Како лесно да се отстрани восокот од свеќите од облеката?

Во зима, куќите често се украсени со свеќи кои создаваат пријатна атмосфера.

А кога свеќите често се палат, восокот паѓа на чаршавот или на парче облека. Како може лесно да се отстрани?

Ви требаат:

Нож, средство за чистење (Vanish), хартиени крпи, пегла, детергент за рачно перење.

Постапка:

Кога восок ќе капне на ткаенината или облеката, најважно е да не го избришете додека е жежок, туку чекајте целосно да се стврдне.

Потоа протријте го со горниот дел на ножот (ако восокот многу бавно се симнува, ставете ја ткаенината во замрзнувачот).

Потоа, користете средство за чистење како што е Vanish, ја отстранува бојата (ако свеќата е обоена, а не бела).

Потоа ставете чиста хартиена салфетка врз дамките и под дамките и поминете со пегла.

Поместете ја хартијата неколку пати додека не го апсорбира стопениот восок.

Измијте ја ткаенината со детергент во топла или врела вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.