Како на филм: Штипјанец удрил полицаец со врата од возило, а потоа се обидел и да прегази полициски слубеници

Кривично ќе се гони 45-годишен штипјанец кој со врата од возило удрил полицаец кој бил на должност, а во друг случај и се обидел со возилото да ги удри.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Љ.Д.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, извести полицијата.

– На 14.03.2024 на регионалниот пат Штип-Плачковица, полициски службеници дале знак за запирање на возило кое го упавувал пријавениот, а откако застанал, со вратата од возилото удрил полициски службеници. Подоцна, истиот ден, на друга локација полициски службеници повторно го забележале пријавениот и откако му дале знак за запирање, тој не застанал и се обидел со возилото да ги удри, додаваат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: