Како познатите компании ги добиле нивните имиња?

Секојдневно се среќаваме на интернет со Google, Apple,yahoo, HP, Microsoft и многу други меѓутоа дали некогаш сте се запрашале како тие го добиле своето име? Многу интересно е што зад името на секоја од овие светски познати компании стои посебна приказна:
Google – името почнало како шега за бројот на информации кои можел да ги пребарува овој познат пребарувач. Прво требало да се вика Googol – број кој презентира единица после која следат сто нули. Но, кога основачите го поднеле својот предлог кај инвеститорот, тој предложил да се промени во Google – и денес тоа е најкористениот интернет – пребарувач..

Yahoo – зборот претставува личност која ги има сите форми на пороци и има многу малку човечност во неа. Основачите на Yahoo се сметале себе си за такви.
 Microsoft – создаден од Бил Гејтс, овој израз е кованица од micro и software.
Apple – Стив Џобс ја основал оваа позната компанија, но не можел да најде соодветно име за неа. Ги прашал сите вработени за предлог, но бидејќи никој не дал предлог до крајниот рок, тој јадел јаболко и го задржал името „Apple Computers“.

 Cisco – се смета дека е скратеница за Сан Франциско.
 HP – основачите Бил Хјулит и Дејв Пакард фрлале ждрепка чие име да стои прво на заедничката компанија и извлекле HP – Hewlett – Packard.
EBay – основачот на eBay всушност сакал да се вика Echo Bay Technology, но тој домеин бил зафатен, и затоа го избрал името еBay.

 Adobe – доаѓа од името на реката која тече зад куќата на основачот Џон Варнок.Секојдневно се среќаваме на интернет со Google, Apple,yahoo, HP, Microsoft и многу други меѓутоа дали некогаш сте се з

Пронајдете не на следниве мрежи: