Како правилно да ги бришете површините во домот?

Експертите откриваат дека цело време ги чистите површините погрешно. Бришењето нагоре-надолу или лево-десно само ја шири нечистотијата наместо да ја отстранува. Темелното чистење на вашиот дом е многу важно за време на пандемијата, но дали знаевте дека можете да ги направите површините повалкани во зависност од тоа како ги бришете?
Како правилно да ги бришете површините во домот?
Експертите за контрола на инфекции откриле дека многу луѓе ненамерно ги шират микробите бидејќи ги бришат површините без специфичен метод.


Според поранешните лекари на Националната здравствена служба, најдобриот начин да ги избришете површините без да го ширите микробите е да ја следите формата на буквата „Ѕ“. Тие велат дека вообичаениот метод на бришење од едната, а потоа од другата страна е грешка што многу луѓе ја прават затоа што едноставно ги поместуваат нечистотијата и микробите од валканата област на чисти површини.
Непромисленото чистење на површините, односно бришењето нагоре-надолу или лево-десно влијае на ширењето на микробите. Затоа, од врвот до дното во облик на „S“ е најдобриот метод за чистење, но го користат само 60 % од луѓето.
Исто така, експертите предупредуваат дека кујнскиот прибор никогаш не треба да се враќа на површините пред да се исушат по чистењето. Многу производители тврдат дека средствата можат да ги убијат бактериите по 30 секунди, што значи дека треба да ги оставите средствата за чистење на површината некое време за да почнат да дејствуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.