Како пушењето го зголемува ризикот од COVID-19?

Кои се студиите што покажуваат дека пушењето тутун и електронски цигари ја зголемува можноста за заразување со COVID-19, објаснува д-р Елдина Низамиќ за серијалот „60 sekundi o koroni“.
Можеби се прашувате дали има нешто друго што можете да направите за да се заштитите од коронавирусот, освен одржување на физичко растојание, миење на рацете и користење маска.
Важен чекор во избегнување на најсериозните симптоми на оваа болест е да престанете да пушите цигари со тутун и електронски цигари. Знаеме дека вдишувањето на иритирачки супстанции, како што се чад од тутун и испарување на електронски цигари, негативно влијае на механизмот за чистење на белите дробови и го оштетува имунитетот, доведувајќи до хронично воспаление на дишните патишта. Научните студии покажаа дека пушачите имаат 2,4 пати поголема веројатност да развијат потешка форма на COVID-19 отколку непушачите.
Важно е да се нагласи дека електронските цигари и другите електронски системи што во моментов се рекламираат и нудат, особено на младите, и како алтернатива на пушењето, не се помалку штетни. Тие содржат никотин и други токсини штетни за корисниците и луѓето во нивна непосредна близина.
Истражувањата покажаа дека младите кои користат електронски цигари имаат пет пати поголема веројатност да добијат COVID-19. Со оглед на тоа што е време на пандемија, ова е вистинска можност пушачите да го направат тој значаен чекор и да се откажат од пушењето.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.