Како сами да направите карамелизирани пуканки?

Но, има и малку поинаков начин на подготвување на оваа омилена закуска. Пуканките со слатки вкусови не се ништо ново, но ретко кој знае да ги направи во домашни услови.
Ако сè уште не сте пробале карамелизирани пуканки, сега е вистинското време да го сторите тоа.
Веројатно веќе имате сè што ви треба од намирници во вашата кујна.
Состојки
100 гр пченка
100 гр шеќер
20-30 гр путер
70 мл млеко
2 лажици вода
малку сол
Подготовка
1. Подмачкајте со масло една длабока и широка тава со капак и додадете ги сувите зрна пченка. Покријте и оставете ја пченката да испука на речиси најголема јачина на вашиот шпорет (на пример 7 или 8 од 9).
2. Префрлете ги пуканките во сад и оставете ги настрана.
3. Додадете шеќер во тавата и полијте го со две лажици вода. Шеќерот ќе се раствори многу брзо. Оставете го да се крчка на тивок оган, а кога ќе стане кафеав додадете го путерот.
4. Кога путерот се стопи, додадете го млекото и промешајте. Оставете го да врие околу десет минути, мешајќи повремено.
5. На крај додадете малку сол. Кога ќе добиете кремаста смеса со жолтеникава боја, ќе знаете дека карамелата е подготвена.
6. Истурете ја карамелата врз пуканките. Покријте го садот со пуканки и добро протресете така што карамелата рамномерно ќе се распредели на сите пуканки. Потоа одделете ги пуканките со прсти и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.