Како ќе одговори САД и сојузниците на можен нуклеарен напад од Русија? Цел свет во исчекување!

Во изминатите денови Запад покажа непоколеблива одлучност наспроти заканите од првите луѓе во Кремљ за нуклеарен удар во случај на напад на „руските“ територии во Украина.

Според генералот, во моментален и сеопшт ракетен напад на САД и НАТО, црноморската флата на Русија и сите бази таму ќе бидат уништени за половина час, а руската војска распоредена во југоисточна Украина ќе биде уништена максимално за два дена…⬇️⬇️⬇️
Како ќе одговори САД и сојузниците на можен нуклеарен напад од Русија? Цел свет во исчекување!

Според сфаќањата на претседателот Владимир Путин, по „референдумите“ за независност на Херсонска, Доњецка и Луганска област во јужна и југоисточна Украина тие автоматски стануваат дел од Русија, така што при нивен напад се вклучува доктрината за заштита на суверенитетот со употреба на нуклеарно оружје.

Во последното негово обраќање до јавноста на 21 септември, кога објави „делумна“ мобилизација во земјата, Путин кажа дека резервистите се повикани за заштита на рускиот народ и суверенитетот на земјата, и дека ако тој биде нарушен можна е употреба на нуклеарено оружје.

-Ова не е блеф, рече тој.

Атомската уцена на Путин е со цел колективно заплашување на Западот, но американските лидери на неа реплицираа со жесток речник без преседан во историјата. Војната во Украина доминираше и на собирот на светските лидери на Генералното собрание на ОН во Њујорк минатата недела.

Претседателот Џо Бајден, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и државниот секретар Ентони Блинкен, викендов испратија едногласно предупредувања до Кремљ за невидени последици ако во војната употреби атомски бомби. Ваквите предупредувања во понеделникот беа засилени и од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој кажа дека Русија би сносела сериозни последици.

Најпрвин се јавија од Белата куќа со одвраќањето на Бајден до Путин за евентуален нуклеарен удар. „Не, не, не го прави тоа“ рече американскиот претседател и додаде дека одговoрот на САД ќе биде „консеквентен“. Во неделата, во прајм тајм на националната телевизија во пoладневните часови, Саливан и Блинкен имаа одделни изјави во врска со нуклеарните закани на Путин.

Интересно е дека аналитичарите претходно со нив асоцираа две разни крила во американската Администрација во однос на клучните надворешно-политички одлуки. Во настапите во неделата двајцата сега изразија апсолутно единство, покажувајќи му на Кремљ среден прст, буквално, што се однесува до нуклеарните уцени од Путин.

Во нивните изјави, сепак, имаше мала лингвистичка нијанса.

Саливан во интервјуто за Ен-би-си се изрази со „катастрофални последици“ (catastrophic consequences) за Русија ако употреби нуклеарно оружје. Блинкен пак во настапот на Си-би-ес на Путин му вети „застрашувачки последици“.

Високите службеници настапуваа во две разни студија, но прашањата беа исти и однапред подготвени. Така, двајцата новинари прашаа еднакви прашања „дали имате разработено планови, процедури и протоколи за одговор“ на можна употреба на нуклеарки од страна на Русија? Блинкен и Саливан одговорија потврдно, дека САД имаат разработено такви планови. Новинарите беа упорни и прашаа „во што се состојат тие процедури и протоколи“? Очекувано, Блинкен и Саливан претпочитаа да не навлегуваат во детали.

Веднаш по интервјата светската јавност изрази невиден интерес за тие детали. Впрочем сите се ментално истоштени од повеќемесечното ѕвечкањето со нуклеарни сабји на рускиот врв. Значи, каков би бил одговорот на САД и сојузниците ако Русија навистина употреби нуклеарно оружје во војната во Украина?

Деталите веќе станаа извесни од протекувањето документи од Пентагон и од објавите на американски генерали и дипломати во оставка.

Идејата е во тоа дека Запад нема да појде по злосторничкиот пат на Русија применувајќи нуклеарен удар против Москва.

Според генералите и дипломатите, САД и сојузниците нема да одговорат со нуклеарно оружје туку со конвенционално, што го поседува во колосално предимиство наспроти Русија. Во тој судир руските вооружени сили би биле уништени за кратко време.

Бен Хоџис, генерал во оставка и поранашен командант на американските сили во Европа, во низа свои изјави и твитови укажа дека САД ќе одговорат со „уништувачки“ напад против црноморската флота и воените бази на Русија.

Според генералот, во моментален и сеопшт ракетен напад на САД и НАТО, црноморската флата на Русија и сите бази таму ќе бидат уништени за половина час, а руската војска распоредена во југоисточна Украина ќе биде уништена максимално за два дена. На тој начин војната завршува. Овие коментари на американскиот генерал не се далеку од вистината. Ако се направи мала математика со досегашните ХИМЕРС-и (артилиериски мобилни ракетни системи што украинските сили ги добија од САД), ќе се увиди дека во последната контраофанзива Украинците извојуваа стратегиска предност со употреба само на 15 или 16 ХИМАРС-и. Големо прашање е како рускиот контингент во Црното Море и во Украина би можел да се справи со оган од 500 ХИМЕРСИ, 1.200 воени ловци и 3.000 томахавки истовремено во тек на 24 часови. Во Москва во понеделеникот ја примија пораката. Веќе истата вечер и во вторникот руската пропаганда излезе со следниот интересен став: Путин никогаш не се заканувал со употреба на атомски бомби во Украина, тоа е клевета.

Јасно е дека ова е најновата инструкција на Кремљ до пропагандистите. Во контекст на тоа треба да се гледа и откажувањето на говорот на Путин пред руската јавност планиран за 30 септември, а по повод резултатите од „референдумите“ за независност на трите области во Украина. Тој тогаш се очекуваше да прогласи анексија на овие украински територии и соединување со Русија. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.