Канцеларката се повлекува од функцијата?

Како што јавуваат светските медиуми Ангела Меркел најавила повлекување. Германската канцеларка им пренела на првите луѓе во нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека нема повторно да се кандидира за претседател на партијата на изборната конференција што ќе се одржи во декември, јавува „Ројтерс“.
На вчерашните регионалните избори во земјата, во покраината Хесен конзервативната Христијанска демократска заедница (ЦДУ) и Социјалдемократската партија на левиот центар доживеаја значителен пораз, додека Партијата на зелените и екстремно десничарската Алтернатива за Германија бележат подобри резултати. Во последните месеци, ЦДУ и СПД ја губат поддршката на национално ниво, а коалицијата речиси дојде до колапс. Изборите во Хесен се само две недели по оние во Баварија, каде партијата на Меркел претрпи огромни загуби.
Според новинската агенција, која се повика на извор од ЦДУ, со одрекувањето на Меркел од претседателската функција ќе започне трката за наследник на местото на германската канцеларка. „Блумберг“ јави дека веднаш по објавувањето на веста во Берлин, бил забележан пад на еврото на берзата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.