Карбонара со праз

Потребни состојки:
1 праз6 тенки парчиња сланина
2-4 јајца
Пармезан
1 лимон
Маслиново масло
Сол и бибер
300 г шпагети или тестенини по избор
Начин на подготовка:
Исечкајте го празот и бланширајте го шест минути во зовриена вода. Исцедете и додајте бибер. Исечкајте ги парчињата сланина.


Изматете 2-3 жолтки и додајте лажица, две пармезан. Додајте бибер по вкус и промешајте.
Изрендајте кора од лимон. Откако ќе зоврие водата, додајте ги шпагетите. Додајте масло, околу 2 лажици во тава. Додајте ги сланината и празот. Пржете и мешајте постојано.
Варените шпагети ставете ги во тавата и додајте од водата во која се вареле шпагетите и промешајте. Тргнете од оган и почекајте 20 секунди да се излади, па сипете ги јајцата со сирење и бибер и соединете ги состојките.
Сервирајте и на секоја порција додајте кора од лимон и уште малку пармезан. Додајте и ситно исечкан магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.