Кари броеше до 54, ’трипл-дабл’ на Дурент

Бекот на Голден Стејт, Стефон Кари, ја обележа ноќта во НБА лигата. Кари постигна 54 поени во поразот на неговиот тим од Њујорк со 109:105. Покрај Кари индивидуално се истакна и Кевин Дурент, кој за три четвртини на натпреварот против Њу Орлеанс забележа ’трипл-дабл’.

Стефон Кари во храмот на кошарката „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк погоди 11 тројки од 13 обиди, мечот го заврши со 54 поени (личен рекорд), што е воедно и најдобро индивидуално остварување на еден играч оваа сезона. Њујорк до победата стигна во последната минута, а до неа го предводеше Кармело Ентони со 35 поени. Одличен меч за Никси одиграа и Тајсон Чендлер (16 поени и 28 скокови), односно Џеј Ар Смит (26 поени). Кевин Дурент имаше учинок од 18 поени, 11 скокови и 10 асистенции во победата на Оклахома над Њу Орлеанс со 119:74. Најефикасен играч на Оклахома беше Расел Вестбрук со 29 поени. Милвоки победи во Хјустон со 110:107, благодарение на неверојатната тројка која Монта Елис ја постигна во последната секунда. Елис натпреварот го заврши со 27 поени, 13 асистенции и шест скока. До победата во последната секунда стигна и Денвер над Портланд, Андре Милер ги постигна решавачките поени со кои Денвер победи со 111:109. Феникс ја прекина серијата од 18 домашни победи на Сан Антонио, откако во продолжението ги совлада Спарси со 105:101. Весли Џонсон со тројка во последната секунда му донесе продолженија на Феникс. Ветеранот Џермејн О’Нил го одигра најдобриот меч во сезоната, тој имаше учинок од 22 поени и 12 скокови. Атланта, предводена од Ал Хорфорд (34 поени и 15 скокови) ја совлада Јута со 102:91. Мемфис испиша нова страница во клупската историја, откако на мечот со Далас надополни негатива од 25 поени. До победата од 90:84 Мемфис го предводеше Зак рендолф со 22 поени и 10 скокови. Резултати:Орландо-Сакраменто 101:125Кливленд-Торонто 103:92Вашингтон-Детроит 95:96Њујорк-Голден Стејт 109:105Мемфис-Далас 90:84Хјустон-Милвоки 107:110Оклахома-Њу Орлеанс 119:74Сан Антонио-Феникс 101:105Јута-Атланта 91:102Портланд-Денвер 109:111
Макфакс
Бекот на Голден Стејт, Стефон Кари, ја обележа ноќта во НБА лигата. Кари постигна 54 поени во

Пронајдете не на следниве мрежи: