Касами оптимист: Уставните измени можат да се случат годинава со договор на лидерите

Лидерот на БЕСА и градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами е оптимист дека годинава може да се случи измената на Уставот и внесување во Преамбулата на помалите заедници кои ќе го побараат тоа.

Сепак според него, неизвесно е која Влада ќе ги спроведе уставните промени.

-Можни се предвремени избори. Владата треба да прифати дека со оваа политика не може да се постигне мнозинство. Ако оваа влада е заинтересирана да ги направи уставните измени и да го продолжи патот кон ЕУ, мислам дека со договор на лидерите може да се обезбеди мнозинство за уставните измени, истакнал Касами во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Пронајдете не на следниве мрежи: