Касато торта со банани

Ви се јаде торта со банани? Нема проблем. Еве го најдобриот рецепт за вас.
Потребни ви се 4 жолчки, 500 г кршени бисквити, 250 мл млеко, 250 г маргарин, 250 г шеќер во прав, 50 г растопено чоколадо, 100 г сечкани ореви, 100 г суво грозје, 100 г желе бонбони, 2-3 банани, 30 мл рум, 4 белки, 16 лажици шеќер.
Маргаринот, шеќерот и жолчките изматете ги со миксер. Додадете ги бисквитите прелиени со млекото и промешајте со лажица. Потоа додадете ги чоколадото, оревите, сувото грозје, румот, и исечканите банани и желе бонбони. Уште еднаш промешајте и од смесата на послужавник формирајте ја тортата.
Белките измате ги со 16 лажици шеќер, нанесете ги на тортата и украсете по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.