Касерола со бајат леб и цимет – совршен појадок кој може однапред да го подготвите

Подгответе го специјалитетот ден претходно, а утрото ставете го во рерна и за еден час имате совршен појадок. Циметот е омилен зачин за време на божиќните празници, па затоа „обојте“ го празничното утро со оваа совршена арома!
Касерола со цимет и стар леб – совршен појадок кој може однапред да го подготвите
Потребни состојки:
1 стар леб (околу 1/2 кг) исечен на парчиња
230 г крем сирење
6 големи разматени јајца
800 мл полномасно млеко
50 г кафеав шеќер
1 мала лажичка цимет
1 мала лажичка екстракт од ванила
Прстофат сол
125 г шеќер во прав
20 г издробени житарки со цимет


Начин на подготовка:
Подмачкајте една голема тава со масло за готвење.
Рамномерно распоредете ги парчиња стар леб во садот, преклопувајќи ги меѓусебно. Додадете крем сирење одозгора и помеѓу парчињата, рамномерно распределувајќи ја целата количина.
Во голем сад изматете ги заедно јајцата, 3 шолји млеко (700 мл), кафеавиот шеќер, циметот, ванилата и солта додека добро не се измешаат.
Истурете ја смесата врз лебот. Притиснете го лебот за секое парче леб добро да се натопи. Покријте ја тавата со пластична фолија и оставете ја во фрижидерот да преноќи.
Следното утро, загрејте ја рерната на 180ᵒ C.
Отстранете ја пластичната фолија и ставете го специјалитетот да се пече 50 до 60 минути, сè додека површината не стане крцкава.
Во помал сад, разматете ги заедно шеќерот во прав со 100 мл млеко. Прелијте ја содржината врз касеролата и наросете мелени житарки со цимет.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.