Кафе послужено во корнет што ќе ве расони

Во последно време, скромниот корнет за сладолед поминува низ многу шеќерни трансформации. Од обвивки за тако, до црна надворешност, луѓето не престануваат да добиваат инспирација да си поиграат со него. Но сега, благодарение на „Coffee Cone“, кафуле во Токио, омилениот додаток за сладоледи на сите луѓе ширум светот добива нова улога на шолја за кафе што може да се јаде.
Како што можете да забележите според фотографиите на Инстаграм што можат да се најдат под хаштагот #coffeinacone, многу кафулиња ширум светот сакаат да го продаваат овој одличен пар. Но изгледа само „Coffee Cone“ се специјализирани за феноменот. Со оглед на тоа колку е популарен и баран овој корнет со кафе, кафулето нуди голем број корнети и експерименти со различни вкусови. Вие можете да си ја одберете својата „чашка“ и да одлучите дали ќе ја потопите во чоколадо, ќе ја напрскате со чоколадни трошки…


Покрај неверојатниот вкус на кафето, ова кафуле исто така е познато и по своите ремек-дела, прекрасни цртежи на кафето што само дополнително ја зголемуваат креативноста на изумот. Токму овие слатки детали го прават секое кафе во корнет уште попривлечно. Погледнете!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.