Кацарска: Нема да предложам и да фаворизирам ниту еден кандидат за претседател на Уставниот суд

Кацарска вели дека гласањето е тајно, а за кого таа ќе гласа не може да каже. Но, секако дека, рече таа, ќе гласа за колега за кој смета дека ќе продолжи да го раководи судот на чесен, професионален, домаќински начин

Нема да предложам ниту еден кандидат за претседател на Уставниот суд, за тоа да не биде сфатено дека пренесувам нечија порака, вели Добрила Кацарска, претседателката на Судот, пред утрешниот избор за нејзин наследник.

„Токму затоа им објаснив дека нема да предлагам и нема да фаворизирам ниту еден од моите колеги. Инаку сите осум судии ги исполнуваат условите и секој од нив може да биде избран за претседател“,

рече Кацарска во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизија Телма.

Таа вели дека не сака да предлага ниту еден кандидат за, како што рече, „да не помисли некој дека јас пренесувам нечија порака, дека некој ми кажал кого да предложам, или нешто слично. Знаете, секогаш нешто погрешно се толкува во јавноста“.

На прашањето дали веќе има лобирање кај неа, таа појасни дека гласањето е тајно, а за кого таа ќе гласа не може да каже. Но, секако дека, рече таа, ќе гласам за колега за кој сметам дека ќе продолжи да го раководи судот на чесен, професионален, домаќински начин.

„Се надевам дека ќе го задржи угледот на судот за кој се изборивме минатите години“,

рече таа.

За тоа дали ќе има нејзина наследничка или наследник, Кацарска рече дека не може да каже затоа што не знаела кој ќе биде предложен и кој ќе биде избран.

„Можеби нема да ми верувате, но најискрено го кажувам ова, мене никој не ми се јавил да ми каже за кого да гласам. Доволно ме познаваат сите и знаат дека влијание кај мене не поминува, дали ќе се јави еден или 100 луѓе, без оглед дали ќе се тоа политичари, бизнисмени, обични граѓани, знаат дека јас ќе гласам онака како што јас мислам. И токму затоа мене никој не ми се јавува. Дали кај другите колеги има лобирања или не, не знам“,

рече Кацарска.

!function(f,b,e,v,n,t,s){if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};if(!f._fbq)f._fbq=n;
n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window,
document,’script’,’https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);

The post Кацарска: Нема да предложам и да фаворизирам ниту еден кандидат за претседател на Уставниот суд appeared first on 365.com.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: