Кери: Турција е клучна земја за решавање на ситуациите на Блискиот исток

Американскиот државен секретар, Џон Кери во неделата навечер ја опиша Турција како клучната земја којашто би можела да има големо влијание за мирот на Блискиот исток.„Турција може да биде клучната земја којашто ќе направи најголем придонес за мировниот процес на Блискиот исток“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери во неделата на прес-конференција во Истанбул, каде што престојуваше како прва дестинација од неговата турнеја низ Европа и на Блискиот исток.Кери високо ја оцени работата на владата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за решавање на курдското прашање. „Ние гледавме со восхит на начинот на кој таа се обидува да го надмине насилството по мирен пат“, изјави американскиот државен секретар Кери, додавајќи дека Ердоган може да покаже лидерство и во палестинско-израелскиот мировен процес, на ист начин како што тоа го прави во однос на курдскиот проблем.Кери потврди дека САД и Турција ќе ја продолжат соработката во врска со ситуацијата во Сирија. „Турција згрижи илјадници бегалци и прави сé што е возможно за решавање на оваа хуманитарна криза“, рече американскиот државен секретар.
Џон Кери на прес-конференцијата обрати внимание и на турско-израелските односи во кои се забележа затоплување по две години криза на поранешните стратешки партнери. „САД нема да се меша во, да наметнува услови и да нагласува можни решенија на билатерални прашања. Ние само сакаме да овие односи целосно да бидат решени – што е критички важно за мировниот процес и постигнување стабилност во регионот. Како предуслов за тоа се јави исплатата на надоместокот (за нападот на израелските маринци вод турскиот брод „Мави Мармари“ кој како дел хуманитарна „Флотила на мирот“ во мај мај 2010 година ја проби блокадата на палестинската енклава Појасот Газа кога беа убиени девет турски државјани), враќањето на амбасадорите и продолжување на билатералните односи“, рече американскиот државен секретар. Кери посочи и дека Турција и Израел се стратешки партнери на САД, и изрази надеж дека „тие ќе ја отворат вратата за нормализирање на односите“.Во врска со иранската нуклеарна програма, Кери рече дека преговорите за ова прашање не може да бидат без успех бесконечно долго време. Меѓутоа и покрај тоа, САД се залагаат за дипломатско решение за овој проблем и веруваат дека тоа ќе биде изнајдено. „Избор за иранскиот народ. Причината за постепеното зголемувањето на изолацијата на Иран е во тоа што тој одбива да ги следи меѓународните стандарди (за контролата на неговата нуклеарна програма“, истакна американскиот државен секретар.
MaкфаксАмериканскиот државен секретар, Џон Кери во неделата навечер ја опиша Турција како клучната земја којашто би можела да

Пронајдете не на следниве мрежи: