Киднапирана ќерката на бугарскиот „крал на кокаинот”

Десетгодишната ќерка на Евелин Банев, наводниот шеф на мрежата за трговија со дрога од Латинска Америка во Европа, киднапирана е во вторник утрото во Софија, соопшти полицијата.

Тројца мажи со огнено оружје го нападнале автомобилот во Бојана, луксузно предградие на Софија, кој девојчето го превезувал во училиште.
 
Возачот е пренесен во болница со две прострелни рани, соопшти полицијата, пренесе AFP.
 Киднапирањето на девојчето е прв случај од овој вид во Бугарија по 2009 година, кога по серија од 14 киднапирања беа уапсени десетмина од иста банда.
 Киднапирањето на ќерката на човекот кого во Бугарија го викаат „крал на кокаинот”, претставува и прв случај на киднапирање на толку мало дете.
 Евелин Банев (47) викан Брендо, осуден е на 15-ти февруари во Софија на 7,5 години затвор поради перење 11,8 милиони евра.
 Требало да биде префрлен во Италија за во март таму да му се суди според обвинението дека увезувал дрога од Латинска Америка за калабриската мафија N'drangheta.
 Банев со уште пет членови на криминалната група учествувал во меѓународна мрежа која илегално пренела 40 тони дрога од Латинска Америка во Европа, во периодот меѓу 2004 И 2007 година, соопшти бугарското министерство за внатрешни работи.
Макфакс
Десетгодишната ќерка на Евелин Банев, наводниот шеф на мрежата за трговија со дрога од Латинска Америка во Европа, кид

Пронајдете не на следниве мрежи: