Киев: Гранатирани неколку градови во Украина, еден во близина на нуклеарна централа

Кабинетот на украинскиот претседател денеска соопшти дека руските сили го гранатирале градот Миколаев на југот на Украина, како и Никопол, кој се наоѓа во близина на нуклеарната централа во Запорожје.

Околу 50 станбени згради беа оштетени, а некои проектили погодија далноводи, оставајќи ги жителите на градот без електрична енергија, соопштија украинските власти…
Киев: Гранатирани неколку градови во Украина, еден во близина на нуклеарна централа

Во рок од 24 часа загинаа најмалку четворица цивили, а уште 10 беа ранети. Девет украински региони беа погодени од руски гранати, соопшти канцеларијата во дневниот извештај.

Киев објави дека биле гранатирани два окрузи на Миколаев, кои често биле цел на напади во последните недели.

Исто така, руските сили наводно истрелале 60 ракети врз Никопол, во централниот регион Дњепропетровск.

Околу 50 станбени згради беа оштетени, а некои проектили погодија далноводи, оставајќи ги жителите на градот без електрична енергија, соопштија украинските власти.

Никопол се наоѓа на спротивниот брег на реката Днепар од нуклеарната централа во Запорожје, која беше окупирана од руските војници на почетокот на војната.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, претходно оваа недела изјави дека ситуацијата во централата е „целосно надвор од контрола“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.