четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ким Кардашијан распаметува со деколтето: Градите се прелеваат од корсетот – сите гледаа само во неа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ким Кардашијан пристигна на престижната трка за Големата награда на Монако за да го поддржи своето момче Луис Хамилтон, а вниманието на сите го привлече нејзиното бујно деколте.

Пред почетокот на квалификациите, таа се прошета низ познатиот падок во придружба на нејзината сестра Клое Кардашијан и обезбедувањето. Поради нејзиното длабоко и многу впечатливо деколте, беше речиси невозможно да не се забележи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Старлетата и ријалити ѕвезда одеше во фармерки и тесен црн корсет, кој ги истакнуваше нејзините бујни гради и. Луксузното деколте ја разгоре имагинацијата на мажите, а таа повторно докажа зошто се смета за планетарна секс бомба. 

Инаку, Ким Кардашијан и Луис се во врска околу шест месеци, иако се познаваат и се пријатели многу години. Тие првпат се појавија заедно во јавноста во февруари на Супербоул, а потоа ја потврдија својата врска на Инстаграм.

Овој пат, Ким ќе го бодри својот избраник директно од патеката, а се чини дека Хамилтон навистина би можел да постигне добар резултат, бидејќи Ферарито изгледаше многу добро за време на тренингот.

Поврзани вести