Ким ќе се пораѓа на ТВ?!

Наводно Ким Кардашијан не сака нејзиното пораѓање да се емитува на реалното ТВ шоу, иако тешко дека ќе успее  против убедувањата на нејзината упорна мајка и менаџерка која има за цел целосно да ги изложи своите ќерки во јавност.
Мајката-Кардашијан, Крис Џенер прво успеа да ја натера едната од нејзините ќерки, Кортни да се породи пред очите на публиката, во последната сезона од познатото реално шоу. Сега, на ред е помалата Ким, која треба да се породи следниот месец.
Сепак, од близок извор на Ким и Канје, тие биле многу сериозни за одлуката Ким да се породи без ТВ камера во близина, а исто така ја одбиле и било која идеја за бебето да се појави во реалното шоу. Мајката и менаџерка на Ким, како и режисерите на шоуто, од друга страна мислат дека јавното пораѓање на Ким на ТВ би било вистински погодок за шоуто и одлично за рејтингот на истото.
Како и да е, минатата недела Ким на својот профил на Твитер објави дека не дозволила на некој папараци да ја фотографираат, по што и се заканиле дека доколку не престане да ги одбива за фотографирање, ќе го загрозат нејзиниот и животот на нејзиното дете.
Можеби токму оваа претерана експонираност ја натерало Ким да размисли два пати дали ќе дозволи нејзиното пораѓање да биде јавно.Наводно Ким Кардашијан не сака нејзиното пораѓање да се емитува на реалното ТВ шоу, иако тешко дека ќе успее  про

Пронајдете не на следниве мрежи: