Кина бара од САД да го осуди тероризмот во Синџианг

Кина во четвртокот, десет дена по бомбашките напади на Бостонскиот маратон, ги повика САД да ги осудат, како што смета официјален Пекинг, терористичките напади во западната кинеска провинција Синџианг наместо Вашингтон на кинеските власти да им држи предава за човековите права.Во вторникот во покраината Синџианг со ножеви и секири и во подметна пожар беше убиено 21 лица, од кои шест полицајци и најмалку шест припадници на заедницата на Ујгурите. Настаните од вторникот се најсмртоносната ескалација на тензиите и насилствата од 2009 година кова во судирите меѓу припадниците на мнозинската етничка заедница на Хан Кинезите и малцинските Ујгури во главниот град на регионот Урумки животите ги загубија околу 200 луѓе.Кинеските ова насилство го карактеризираа како тероризам а портпаролката на регионалните власти го спореди со бомбашките напади во Бостон во кој загинаа три лица и беа ранети над 250 луѓе. Американскиот Стејт департмент, меѓутоа, во средата изрази само жалење за загубата на човечки животи и ја повика Кина на „сите кинески граѓани, вклучувајќи ги и Ујгурите, во постапки да им обезбеди заштита на сит права коишто им припаѓаат“.Одбивањето на САД да го осуди нападот ги покажа двојните стандарди имајќи предвид дека токму САД неодамна беа жртви на терористички напади, изјави портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг.„Едноставно се спротиставуваме на американското пресвртување на црното и белото, мешањето на исправното и погрешното, постојаното одбивање да ги осудат насилните терористички инциденти и, наместо тоа, неоснованото обвинување на кинеските политики кон етничките малцинства. Се надеваме дека САД ќе го свртат огледалото кон себе и своите внатрешни проблеми наместо да укажуваат со прст на другите земји“, додала во изјавата за новинарите портпаролката Чунјинг.Во својот редовен годишен извештај за состојбата на човековите права во светот, Кина во понеделникот ги обвини САД за шпионирање на своите граѓани, дискриминација на жените и етничките малцинства, и заклучи дека злосторствата извршени со огнено оружје во оваа земја се надвор од контролата.Овој кинески извештај, каков што последните години подготвува и Русија, претставува всушност одговор на сличните американски извештаи во кои редовно се критикува состојбата со човековите права во Кина а годинава беше нотирано дека Пекинг спроведува рутинска репресија, особено над активистите кои се залагаат за заштита на човековите права, врз етничкото население на Тибет и претежно муслиманската покраина Синџианг.Во обемниот извештај  се заклучува дека за САД би било подобро да се научат да се справуваат со сопствените проблеми, отколку да си го земаат правот да бидат „светски судија”.Покраината Синџианг зазема една шестина од вкупната државна територија на Кина граничи со Авганистан, Пакистан, Индија и Централната Азиска Република, а богата е со нафта, гас и јаглен. Автохтоното население е туркофони муслимани Ујгури, но во вековите населување на покраината со мнозинскиот кинески народ Хан од другите делови на Кина, денес во Синџианг Ујгурите се помалку од половината од населението.Постојаните тензии поради, како што тврдат Ујгурите, големите рестрикции на нивната јазична, културна и верска автономија кулминираа во јули 2009 година, кога во насилните судири меѓу Кинезите од народот Хан и етничките Ујгури, загинаа околу 200 луѓе, претежно припадници на народот Хан. Од тогаш кинеските власти погубија десетина лица осудени за поттикнување на насилни судири, уапсени и кривично гонети се стотици други, а безбедносните мерки се заострени во целата покраина.
МакфаксКина во четвртокот, десет дена по бомбашките напади на Бостонскиот маратон, ги повика САД да ги осудат, како што смета

Пронајдете не на следниве мрежи: