Кина со најмногу златни медали пред завршниот ден на Олимпијадата

Пред завршниот ден на Олимписките игри во Париз на табелата со освоени медали водат кинеските олимпијци со едно златно одличје повеќе од САД.

На 16. ден на Игрите ќе се одржат натпреварувања во девет спортови и во сите ќе бидат поделени медали.

Натпреварувачкиот дел стартуваше утрово со женскиот маратон, а ќе кулминира со женското кошаркарско финале.

Церемонијата на свеченото затворање на Игрите ќе стартува во 21 часот.

Табела со освоени медали:

Кина 39-27-24 (90)

САД 38-42-42 (122)

Австралија 18-18-14 (50)

Јапонија 18-12-13 (43)

Франција 16-24-22 (62)

Пронајдете не на следниве мрежи: