КИНЕСКИТЕ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ЗАПОЧНАА ВО БЛИЗИНА НА БРЕГОТ НА ТАЈВАН

ПЛА претходно најави дека вечерва ќе спроведе вежби со конвенционално ракетно оружје.

– Вечерта на 2 август, Источната борбена команда на Кинеската Народноослободителна армија започна серија заеднички воени операции околу островот Тајван, како и заеднички воздушни и поморски вежби во морето и воздушниот простор северно, југозападно и југоисточно од Тајван, според извештајот на кинеската телевизија, пренесе РИА Новости.
КИНЕСКИТЕ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ЗАПОЧНАА ВО БЛИЗИНА НА БРЕГОТ НА ТАЈВАН

Кинеската Народноослободителна армија (НРК) започна воени операции во близина на брегот на Тајван, објави кинеската централна телевизија, цитирајќи го официјалниот претставник на борбената команда на војниците во Источната зона, Ши Џиа.

– Вечерта на 2 август, Источната борбена команда на Кинеската Народноослободителна армија започна серија заеднички воени операции околу островот Тајван, како и заеднички воздушни и поморски вежби во морето и воздушниот простор северно, југозападно и југоисточно од Тајван, според извештајот на кинеската телевизија, пренесе РИА Новости.

НР Кина претходно најави дека вечерва ќе спроведе вежби со конвенционално ракетно оружје, а целта ќе биде поставена источно од Тајван, пренесува Танјуг. Тестовите, како што соопшти НР Кина, ќе бидат извршени како дел од поголеми воени вежби кои ќе вклучуваат заедничка работа на кинеската армија на море и во воздух, како и гаѓање од артилерија од долг дострел во Тајванскиот теснец, објави Спутник.

Кинеското Министерство за надворешни работи остро го осуди доаѓањето на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, наведувајќи дека нејзината посета е закана за регионалниот мир и стабилност.

– И покрај силното противење и сериозните последици, Ненси Пелоси го посети кинескиот регион Тајван. Ова е сериозно кршење на принципот „една Кина“. Посетата има сериозно влијание врз кинеско-американските политички односи и претставува сериозно мешање во суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина – се вели во соопштението објавено претходно денеска на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Кина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.