Кифлички со бадем и мед

Потребни состојки:
210 г брашно
140 г путер
1 ванилин шеќер
25 г шеќер
1 јајце
75 г мелени бадеми
40 г мед


Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во сад и замесете тесто.
Замотајте го тестото со фолија и ставете го во фрижидер пола до еден час.
Поделете го тестото на 4 еднакви делови. Расукајте го секој дел и исечете мали парчиња со 1,5 сантиметри дебелина. Формирајте кифлички од нив.
Редете ги во голема тава обложена со хартија за печење. Печете во рерна на 180 степени од 10 до 12 минути. Топлите кифлички извалкајте ги во шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.