Киш пита со шунка и спанаќ

Ќе уживате во овој вкусен појадок.
Состојки:
1 ¼ шолја брашно
Половина лажичка шеќер
6 лажици масло
3 лажици вода
4 јајца
1 ¼ шолја млеко
Половина лажичка сол
Малку кромид
¼ лажички бибер
60 гр. спанаќ
115 гр. шунка


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени.
Во меѓувреме, во сад додајте брашно, половина лажица шеќер и сол, па ставете масло и измешајте добро. Потоа додајте вода и мешајте помеѓу секое додавање. По потреба додајте уште вода додека да добиете тесто со потребна густина за да можете да го обликувате во топчиња. Завиткајте го во фолија и ставете го да отстои во фрижидер околу половина час.
На набрашнета површина развлечете го тестото, па ставете го во тавче. Со прстите разлечете ги краевите за да тестото дојде во врвот на тавчето. Печете околу 25 минути додека краевите да добијат златеста боја.
Додека тестото се лади, изматете јајца, млеко и половина лажица сол. Во тава загрејте го маслото, испржете го кромидот со бибер, па додајте малку вода. Варете околу 10 минути.
Додајте го и спанаќот и варете околу 2 минути. Изладете ја смесата, па дојдајте ја шунката.
Прелијте ја оваа смеса преку испеченото тесто, ставете го кишот во рерна и печете 35-40 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.