Новиот министер за здравство Сашо Клековски го даде својот прв коментар за масовното труење со загадена вода во Гостивар и при тоа рече дека микробиолошката анализа ќе биде завршена утре, а граѓаните да внимаваат при конзумациите на вода и храна кога температурите се високи.
– Во болницата во Гостивар нема задржани и сите лекувањето го продолжуваат дома, поради тоа не беа алармирани другите клиники, бидејќи немаше потреба од дополнителна реакција.
Институтот за јавно здравје ја водеше истрагата со земање на три примероци од вода за пиење и еден површински. Тешки метали, нема а микробиопошката анализа ќе биде завршена утре.
Неофицијално е дека клиничката слика и симптомите укажуваат на бактериска инфекција, обемот на опфатеност е над 1.000 луѓе. Што е точниот извор на проблемот, ќе биде познат наредните денови.
Бидејќи влеговме во денови со високи температури, граѓаните да бидат внимателни во конзумацијата на храна и вода, бидејќи овој тип на температури погодуваат во ширење на бактерии, рече Клековски во интервјуто за МТВ.



