четврток, 12 ноември 2026
Најново

Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот Борис Трајковски, вели Мицкоски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата останува на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение.
– Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да се поврзе со актуелната болница 8 Септември. Тука ни е пет-центарот и поликлиниката Букурешт и тоа ќе биде еден целосен заокружен комплекс, рече на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека со сопственикот на таа приватна парцела преговараат да се направи трампа земја за земја и да се види до каде ќе се стигне. Досега, како што рече, е задоволен од тоа како течат преговорите.
Мицкоски најави дека продолжува и реализација на изградбата на Клиничката болница во Штип, заедно со медицински факултет и студентски дом, како и Клиничката болница во Тетово и Здравствен дом со проширена дејност во Кичево.

Поврзани вести