Ковачевски: Буџет од кој се очекуваат резултати

– Буџетот 2023 е основа за нашата визија за стабилна, економски просперитетна и напредна Северна Македонија. Буџет од кој се очекуваат резултати, истакна премиерот Димитар Ковачевски, во објава на Фејсбук.

Ковачевски посочува дека се обезбедени средства за раст и развој, за реформи, трансформација на општеството и забрзана евроинтеграција.

– Со напорна работа, нема недостижна цел!, порачува премиерот.

Во собраниската Комиисја за финансирање и буџет утре е шестиот ден од амандманската расправа по Предлог буџетот за 2023 година

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.