Ковид пасошите ќе станат реалност побрзо од што мислиме: Европската комисија веќе има датум

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер лајен, открила дека предлогот за ковид-пасоши ќе се најде на маса веќе во март.
Европската комисија ќе претстави предлог за дигитални анти-ковид вакцинациски пасоши во март, кои би можеле да бидат еден од условите за слободно патување ширум Европската унија, рекла денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
“Што се однесува до прашањата како би можеле да изгледаат дигиталните “зелени” пасоши, ќе размислиме. Ќе претставиме нацрт закон како би можел да изгледа”, рекла Фон фер Лајен во текот на видео разговорот со германските конзервативни пратеници.
Лидерите на Европската унија во петокот го поддржале воведувањето на сертификати за влез во земјите членки и отворање на општествата по пандемијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.