Кожув го победи и Работнички

Кошаркарите на Кожув ја забележаа петтата последовна победа во Суперлигата, откако во Градски парк во неизвесен меч го совладаа Работнички со 73:71.Екипата на Марјан Србиновски до победата го предводеа Божовиќ и Мијаиловиќ кои постигнаа 14, односно Пековиќ кој реализира  12 поени, кај Работнички најпрецизен беше Абукар со 17 поени.Кожув со оваа победа речиси ја обебзеди втората позиција на табелата и го осигура учеството во плејофот, односно во борбата за шампионската титула.Сигурен и убедлив триумф со кој ја прекина серијата од четири порази забележа Фени индустри. Екипата од Кавадарци ја совлада Лирија со 96:76. Трајковски со 21 поен и 10 скока беше најдобриот играч на натпреварот. Морбан со 18 и Угриновски со 16 поени беа најефикасните играчи во тимот на Лирија.Актуелниот првак МЗТ по поразот во минатото коло од Кожув во седмата рунда лесно се справи со тимот на Куманово, екипата од Аеродром победи со 112:75. Ноа Далман го одигра најдобриот меч откако се врати во екипата, тој оствари ‘дабл-дабл’ од 23 поени и 13 скокови. Александар Косотски за Куманово реализира 22 поени.Табела: 1. МЗТ 6/1, 2. Кожув 5/2, 3. Работнички 4/3, 4. Фени индустри 3/4, 5. Куманово 2/5, 6. Лирија 1/6.
МакфаксКошаркарите на Кожув ја забележаа петтата последовна победа во Суперлигата, откако во Градски парк во неизвесен меч го

Пронајдете не на следниве мрежи: