Кои се разликите меѓу COVID-19 и свинскиот грип H1N1?

Откако беше регистриран првиот случај на пациент кој е заразен и со новиот коронавирус SARS-CoV-2 и со H1N1, почна загриженоста околу тоа како ќе се дијагностицира едната, односно другата болест и како ќе се третираат пациентите кои ќе заболат од двете.
Пандемијата со COVID-19 што беше прогласена на 11 март, 2020 година од Светската здравствена организација (СЗО), е втора пандемија во овој век, по свинскиот грип Н1N1 во 2009 година, која зарази четвртина од вкупното население во светот.
Пандемија се прогласува кога една заразна болест се има проширено во повеќе земји на повеќе континенти истовремено.


Епидемија се прогласува кога една заразна болест ќе почне активно да се шири. Обично станува збор за неконтролирано ширење на болеста, но на една локација или во една земја. Епидемија значи дека има нагло покачување на бројот на заразени над очекуваното.
Пандемија е епидемија од поголеми географски размери што има зафатено голем број луѓе.
Пандемија, што доаѓа од грчките зборови „pan“ (сѐ) и „demos“ (луѓе), е термин што експертите за болести го користат кога епидемијата на одредена болест ќе се прошири во повеќе земји и на повеќе континенти истовремено.
Иако самиот збор „пандемија“ звучи страшно, се однесува само на ширењето на болеста, а не на смртоносноста на болеста или колку е тешка. Пандемија значи дека болеста е широко распространета, во повеќе земји и континенти и има зафатено голем број луѓе.
Болеста мора да биде заразна за да се прогласи пандемија на таа болест. За споредба, од рак боледуваат многу луѓе ширум светот, но тоа не е заразна болест, па не може да се смета за пандемија.
Пандемијата на грип во 2009 и 2010 година предизвикана од вирусот на грип А (H1N1) беше првата пандемија за која многу земји-членки развија сеопфатен план, во кој ги опишуваат мерките на јавното здравство што треба да се преземат за намалување на заболувањата и смртните случаи .
Кои се разликите меѓу COVID-19 и H1N1? Кој од двата вируса е посмртоносен?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.