ЗА ПАНДИШПАН
6 јајца
12 лажици шеќер
6 лажици брашно
150 г исечени бадеми
150 г чоколадо
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
500 мл млеко
150 г шеќер
4 лажици брашно
1 ванилин шеќер
250 г маргарин
200 г шеќер во прав
200 г кокосово брашно
Чоколадото растопете го на оган, а парчињата бадеми прелијте ги со топла вода. Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер, омекнатите бадеми и растопеното чоколадо. Промешајте со лажица, од смесата испечете пандишпан и исечете го на 3 ленти.
Од млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер и брашното сварете крем. Додадете 100 г кокосово брашно, промешајте и оставете да се излади. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете го изладениот крем и повторно и изматете.
Со филот премачкајте две ленти пандишпан и ставете ја третата лента. Филувајте ја тортата и наросете ја со кокосово брашно.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.