Коктел солено пециво – Кифлички со многу зачини

Направете коктел солено пециво за појадок, вечера или пак мезе, па и ужина која е совршена да се однесе на работа или на училиште.
СОСТОЈКИ:
100 гр. маргарин на собна температура
100 гр. рендано сирење
1 лажиче сол
170 гр. брашно
1 јајце за премачкување
црвен пипер, бибер и вегета


ПОДГОТОВКА:
Се загрева рерна на 175 степени.
Се става хартија за печење на рамен плех.
Се ренда сирењето и се става маргаринот во сад со сирењето и сол.
Се меша да се добие изедначена смеса, се додава потоа брашно и се добива тесто кое не лепи.
Се дели на три дела, секој се развлекува и се прска со малку вода од горе.
Се ставаат зачини горе(црвен пипер, бибер, вегета и по избор) и се сече на осум триаголници од кои се виткаат кифлички.
Се редат на плех и се мачкаат со јајцето, се се става горе по избор сусам, ким…
Се печат додека не поруменат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.