Колачиња со Nutella готови за две минути

За подготовка на овој рецепт за чоколадни колачиња потребни се само четири состојки како банана, Nutella, сецкани лешници и овесно брашно.
Рецептот е објавен од нутриционист на Instagram, колачињата не содржат јајца и млечни производи но Nutella кремот содржи па ако сте веган може да користите друга растителна алтернатива.
Потребни состојки: половина банана, околу 20 г Nutella, три лажици оризово или овесно брашно, 5 г сецкани лешници.
Начин на подготовка:
Изгмечете ја бананата во сад, додадете ги кремот и брашното. Од добиената смеса направете топчиња па израмнете ги да изгледаат како колачиња. На врвот додадете сецкани лешници. Ставете ги во микробранова печка околу 90 секунди и десертот е готов.
Ако сакате да направите повеќе колачиња, дозата зголемете ја двојно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.