Колачи со банани и урми

2 банани
1 1/2 чаша кокосови снегулки
2 лажици кокосово масло
1 лажичка сода бикарбона
прстофат сол
7 урми
1 лажица таан
1 лажица мед
2 лажици какао
1/4 чаша кокосово масло(стопено за преливот)
Бананите, кокосовите снегулки, содата бикарбона, кокосовото масло и солта ставете ги во блендер и миксајте ги додека се добие хомогена смеса.
Урмите исечкајте ги на коцки.
Смесата од блендерот префрлете ја во сад и додајте ги исечканите урми. Промешајте и доколку сакате додадете сечкани бадеми.
Со раце формирајте ги колачињата и наредете ги во тава, обложена со хартија. Печете околу 20 минути на 180 степени.
Кога ќе бидат готови оставете ги да се оладат а за тоа време подгответе го чоколадниот прелив.
Измешајте ги заедно таанот, медот, кокосовото масло и какаото.
Декорирајте ги колачите со чоколадниот прелив по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.