Колач со бело чоколадо и кокос

Овој колач е вистинско уживање за љубителите на кокос, сочен е и мек и брзо се подготвува.
Потребни состојки за тестото:
-3 јајца
-1 чаша кафеав шеќер
-1 кесичка ванилин шеќер
-1 чаша масло
-1 чаша млеко
-2 чаши брашно
-1 кесичка прашок за пециво
Глазура:
-80 г путер
-200 г бело чоколадо
-300 мл млеко
Декорација:
-150 г кокос
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата, шеќерот и ванилин шеќерот. Додадете масло, млеко и брашно измешано со прашок за пециво.
Плехот за печење обложете го со хартија за печење, па излејте ја смесата за тесто. Печете на 200 степени околу 15 минути.
Кога колачот ќе се олади исечете го на коцки.
За глазурата е потребно на умерена температура да ги стопите чоколадото, путерот и млекото. Мешајте додека состојките не се соединат.
Коцките од сите страни потопете ги во глазурата, па во кокосот. Moже да додадете и рендано бело чоколадо. Служете ги коцките претходно оладени во фрижидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.