Колач со вишни

ЗА КОРА
250 г брашно
250 г шеќер
200 г маргарин
150 мл кисела павлака
3 јајца
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
200 г мармалад од вишни
500 г замрзнати вишни без семки
ЗА ФИЛ
4 јајца
150 г шеќер
150 мл кисела павлака
2 лажици брашно

Од шеќерот, брашното, маргаринот, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, киселата павлака и жолчките од јајцата замесете тесто. Со сукалка развлечете кора и ставете ја во тава за печење. Избоцкајте со виљушка и печете 15 минути на 200 степени.
Премачкајте ја кората со мармаладот и нанесете ги вишните.Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното и павлаката, и промешајте. Нанесете го филот на вишните и печете уште 20 минути на 200 степени.
Колачот можете да го украсите со изматен шлаг или чоколадо.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.