Колач со јогурт и лимон

4 јајца
150 г шеќер,
150 г брашно
150 мл масло
125 мл јогурт
80 г мелени бадеми
рендана кора од лимон
1/2 лажичка прашок за печиво
Изматете ги јајцата со шеќерот. Во друг сад измешајте ги јогуртот, маслото и лимоновата кора. Соединете ги сувите состојки со јогуртот и останатите состојки од садот. Кратко измиксајте, па додадете ја смесата со јаjцата и шеќерот. Помешајте и претурете ја смесата во калап за печење. Печете 20 минути на 180 степени.
Топлиот колач прелијте го со сируп од сок од 1 лимон, 100 мл вода и 1 лажица шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.