Колку долго се крчкало името Северна Македонија?

Уште пред десет години израелскиот експерт, д-р Сем Вакнин го предвиде преименувањето на Македонија во Северна Македонија.
Еве што напиша тој:
“Овој план беше детално разработен на многубројните тајни состаноци помеѓу Грчките и Американските влади, и кулиминираше на конференција во јуни, 2008 година во Вашингтон, во која учесници беа и Рајс и Дора Бакојани. Македонската влада во тој период воопшто не беше свесна ниту за постоењето на планот, а уште помалку за неговата содржина.
Изгледаше дека Грците успеаја да ги убедат Американците дека Македонја е нефлексибилна земја која упорно наметнува препреки со цел да избегне политички за неа неприфатлива спогодба. Во последно време Премиерот на оваа мала земја Никола Груевски, дополнително ги обремени долготрајните преговори со други билатерални прашања, како што е враќање на имотот на Македонците кои беа протерани од Грција пред една деценија и признавање на Македонската правславна црква од страна на Грците.
1.Република Македонија ќе го промени своето уставно име (најверојатно во Северна Македонија, иако за тоа сеуште не е одлучено). Ова би бил еден огромен чекор назад за Република Македонија. Но ниту една Македонска влада, а посебно не оваа, нема да се се согласи со оваа промена.
2.Македонија ќе добие преоден период (од најмногу 10 години според некои извори) за да го прилагоди Уставот и да ги извести меѓународните институции за новото име“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.