Колку е важен бројот на мажи со кои спиеле жените?

И додека на интернет се водат расправи по тоа прашање, недалеку од Македонија решиле директно да ги прашаат мажите колку навистина им е важен бројот на партнери со кои спиела жената пред да биде со нив.
Во продолжение може да ги проследите одговорите на дел од испитаниците.
„Никогаш не сум прашал такво нешто ниедна девојка, но секоја сама сакала да ја отвори таа тема и секоја ме прашувала со колку девојки јас сум бил пред неа. На мажите не им е важно колку жени имале пред неа, бидејќи не гледаат проблем во тоа секоја жена да има сексуално минато, барем јас мислам така“, рекол 27-годишниот Иван, еден од испитаниците.


„Искрено, би ми било драго да сум ѝ прв на својата девојка, но за мене бројот на нејзините партнери не прави голема разлика. Знам дека не ме чекала мене цел живот, како што не ја чекав ниту јас неа“, рекол Марко, кој е на иста возраст со претходниот испитаник.
„Зависи од бројот. Секако дека е нормално девојката да има список на мажи со кои била пред мене, но ако тој список е прилично голем, не можам да кажам дека би ми било драго. Е сега, се поставува прашањето која е границата помеѓу нормален и голем список, а на тоа прашање немам одговор“, рекол помалку неодлучниот 26-годишен Младен.


„Знам дека сега би било памено да кажам дека не е важно, но не можам да глумам дека баш и не ми е важно. Кога би дознал дека мојата девојка имала многу мажи пред мене, не би ми било пријатно. Некако би имал чувство дека е валкана, колку и да звучи глупаво“, вели 29-годишниот Милан.
Што мислите вие и дали вам ви е важен бројот на партнери со кој била вашата девојка, пред вас?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.